Ѓоковиќ и Серена најдобри спортисти во 2013 година

Меѓународната тениска федерација (ИТФ) ги прогласи Србинот Новак Ѓоковиќ и Американката Серена Вилијамс за најдобри тенисери во 2013 година . Ова е трето вакво признание за Ѓоковиќ, додека Вилијам четврти пат е прогласена за спортистка на годината.

„Чест е да се биде избрана за најдобар спортист од страна на ИТФ. Имав одлична сезона и успеав да ја завршам годината на високо ниво. Ова признание ќе ми послужи како добра платформа за наредната сезона во која ќе се обидам да освојам повеќе титули”, изјави Новак.

Србинот е прогласен за најдобар спортист и покрај тоа што сезоната ја заврши на второто место на АТП листата, зад Шпанецот Рафаел Надал.