Ѓоковиќ и Вавринка со убедливи стартни победи во Лондон

Новак Ѓоковиќ продолжи со доминацијата кога се во прашање дуелите со Марин Чилиќ, на кога ова му беше 11-ти пораз во низа од Србинот. Ѓоковиќ буквално го збриша Хрвтатот, со што уште еднаш покажа дека намерата му е сезонава да ја заврши на првото место на АТП листата.

Доколку оние најголемите оптимисти можеби очекуваа вака убедлива победа на првиот светски рекет, тогаш никој не очекуваше, па ни самиот Вавринка, дека ќе го победи петтопласираниот на АТП листата, Чехот Томаш Бердих со 2:0 во сетови, дозволувајќи му да освои само 2 гема.

Ова сигурно беше еден од најдобрите мечеви на Швајцарецот во неговата кариера, кој само потврди дека годинава се наоѓа во фанстастична форма.

Денеска на програмата се мечевите Федерер – Нишикори од 15:00 часот и Мареј – Раониќ од 21:00 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.