Ѓоковиќ ќе биде подготвен за мастерсот во Мадрид

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, изјави дека ќе се врати на теренот на почетокот од наредниот месец и ќе игра на мастерс турнирот во Мадрид.  Србинот беше на лекарски прегледи кои пока`аа дека повредата на зглобот на десната рака не оставила посериозни последици, но за што побрзо да се опорави ќе мора да  продолжи со рехабилитацијата и наредната недела.

“Ситуацијата со раката е подобра, отколку што изгледаше во првиот момент. Докторите ме убедија дека ќе бидам подготвен за турнирот во Мадрид , а портоа и за Рим и Ролан Гарос, како што планирав. Но, сега ми претстои куса пауза за целосно да се опоравам . Се надевам дека нема да треба уште многу да апстинирам од теренот и  за кусо време ќе ги почнам подготовките за продолжување на турнирите на земјена подлога“, изјави Ѓоковиќ

Новак го повреди зглобот за време на турнирот во Монте Карло, каде во полуфиналето загуби од Швајцарецот Роже Федерер.