Ѓоковиќ ќе стане татко

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ објави дека наскоро ќе стане татко, бидејќи неговата вереница Јелена Ристиќ е бремена.

“Драги мои пријатели, со мене проживеавте многу убави и тешки моменти во кариерата. Не можам да бидам посреќен бидејќи имам здравје, љубов и Бог ме благословил радосно со својата Јелена да очекуваме нов член на семејството”, напиша Ѓоковиќ на Твитер и на Фејсбук.

Минатата година тој се вери со својата долгогодишна девојка Јелена, а свадбата ќе биде ова лето.