Ѓоковиќ не дозволи сензација

Новак Ѓоковиќ се пласираше со четвртфиналето на Мастерс  турнирот во Мајами откако во осминафиналето труимфирше над Александар Долгополов со 2-1 во сетови.

Српскиот тенисер го загуби привиот сет во тај-брејкот а во вториот губеше со 3-0, но потоа успеа да се врати во сетот кој го доби со 7-5. До крајот на мечот, најдобриот тенисер на светот триумфираше со конечни 6-7, 7-5 и 6-0.

Негов следен противник ќе биде Давид Ферер.

Покрај него, пласман во четвртфиналната фаза обезбедија и Енди Мареј кој го совлада Кевин Андерсон со 2-1, и Томаш Бердих кој беше поуспешен од Гаел Монфилс.