Ѓоковиќ отвори он-лајн продавница

Првиот светски рекет, Новаќ Ѓоковиќ, отвори интернет продавница за своите фанови, каде што ќе може да се купи тениска опрема со негов потпис, а собраните пари ќе бидат наменети за неговата фондација која финансира проекти за образованието.

Novak-with-children-508x337

„Цврсто верувам дека сите можеме да бидеме општествено одговорни, а притоа успешни во работата со која се занимаваме. Затоа и обирам да поддржам програми и компании кои се одожуваат на општеството и се опкружуваат со луѓе кои го делат моето мислење. Спортот стана доста доходовен бизнис ширум светот и тоа не е никаква тајна. Меѓутоа, неговата вистинска вредност, покрај играта, ја прават голем број спортисти кои постигнале многу не само со тоа што се занимавале со спорт, туку и како угледни и ценети личности во другите сфери од животот. Токму тоа го прави спортистот голем, да го даде својот максимум во секоја ситуација во која ќе се најдеи секогаш да тежнее да биде што подобар пример за другите. Со оглед на тоа дека уживаме големо медиумско влијание ширум светот, нашиот глас се слуша многу подалеку отколку што сум можел да замислам. Кога ќе излезам на терен, секој мој потег го следат илјадници навивачи на трибината, додека во исто време милиони луѓе ширум светот го гледаат тој меч на директните телевизиски преноси. Илјадници коментираат на социјалните мрежи. Тоа навистина може да биде чудно искуство ако премногу размислувам за тоа, па одлучив тоа да го набљудувам и да го искористам како можност да направам нешто што лично ме прави многу среќен и исполнет, а тоа е да им помагам на децата. Фановите често ме прашуваат каде може да ја купат опремата која ја носам на мечовите, каде може да земат рекет, или облека со моето име или лого.  Ми значи тоа што гледам дека сакаат на овој начин да се поврзат со мене. Се’ до сега, беше тешко сите тие работи да се пронајдат на едно место. Исто така  моите фанови ширум светот немале можност да го набават тоа во своите земји. Поради тоа, јас со мојот тим се потрудивме да пронајдеме решение и отворивме мој официјална он-лајн продавница коај денеска ја најавувам. Продавницата се отвора од две причини: да им понуди на сите мои фанови лесен пристап до мојата опрема, но, и да собира пари за Фондацијата Новак Ѓоковиќ, која финансира проекти за образованието. Целиот хонорар, што ќе го добијам од продажбата на тие артикли, директно ќе ги пренасочам на сметката на мојата фондација. Но, исто така, тука е и мојот скрен мотив: Како иден татко, сакам моето дете да се гордее  со мене. Не само затоа што ја удирам жолтата топка подобро од противникот. Сакам моето дете да биде гордо на мене затоа што го користам своето време и да промовирам добри вредности. Би сакал да ме знаат луѓето како некој кој сака да им помогне на децата да живеат подобар живот со квалитетно образование“, вели Ѓоковиќ.

Novak-group-hug-417x508 Novak-signing-sport-gear (1)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.