Спорт

Ѓоковиќ повторно го преслуша Цонга

Ѓоковиќ повторно го преслуша Цонга

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ продолжи со добри игри на Вимблдон, откако во осминафиналето го елиминира Французинот Жо-Вилфред Цонга со 6:3, 6:4, 7:6.

„Имав два дена одмор, тоа ми овозможи да ги наполнам батериите и да одиграм квалитетен меч. Одиграв многу добро, но свесен сум дека како што се ближи крајот на турнирот ќе морам да ја кревам играта на уште повисоко ниво“, изјави Ѓоковиќ, кој во четвртфиналето ќе ги одмери силите со Марин Чилиќ.

Импресивно во досегашниот тек од турнирот делува и бранителот на трофејот Енди Мареј, кој рутински го совлада Кевин Андерсон со 6:4, 6:3, 7:6. Домашниот миленик за место во полуфиналето ќе се бори со Григор Димитров, кој денеска лесно ја оправда фаворитската улога против Леонардо Маер од Аргентина, победувајќи го со 6:4, 7:6, 6:2.