Спорт

Ѓоковиќ се изедначи со Борг

Ѓоковиќ се изедначи со Борг

Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ, се изедначи со 109-ката на Бјерн Борг, бројот на седмици кои што бил на врвот на АТП рангирањето.

Со ова српскиот тениски шампион ја заслужи седмата позиција на сите времиња, заедно со Борг.

Подобри од нив двајца се Роже Федерер, Пит Сампрас, Иван Лендл, Џими Конорс, Џон Мекинро, како и Рафаел Надал.

Србинот се обидува да се изедначи со Рафаел Надал со 141 број на седмици, додека најдобар е Федерер со 302, а втор Сампрас, 286.

Тенисери кои биле најдолго првопласирани на светското рангирање на сите времиња.

1. Федерер 302

2. Сампрас 286

3. Лендл 270

4. Конорс 268

5. Мекинро 170

6. Надал 141

7. Ѓоковиќ/Борг 109

9. Агаси 101

10. Хјуит 80