Ѓоковиќ: Се заколнав дека ќе му покажам на светот дека Србите се добри луѓе

Новак Ѓоковиќ отсекогаш сакал да биде тениски шампион. Победникот го обликува талент, работа и упорност, а додека пак карактерот и цврстината ги добил од своите гени и се што преживеал во Србија.

Клучна улога, детската љубов да се претвори во пасија и животно определување имала Јелена Ганчиќ, која ја открила и некогаш петгодишната Моника Селеш. За 14 години, стотина деца поминале низ нејзиниот камп, пред нејзините очи да забележат дете со инзвонреден талент.

„Кога дојде малиот Новак, потребна ми беше само една недела да бидам со него за да бидам сигурна дека е талентиран. Петиот ден пред родителите го прашав: Новак дали сакаш следните седум, осум години да ги поминеш тренирајќи напорно секој ден, понекогаш со насмевка на лицето, а понекогаш и со солзи? Тој рече да, сакам да бидам голем. Имаше само шест години, но имаше срце, душа и очи на шампион. Бев сигурна дека ќе успее. Отсекогаш беше емотивен“, вели Ганчиќ.

Агресијата на НАТО врз Србија оставила голема трага во животот Новак. Не било лесно да се концентрираш на тенис, додека авиони го бомбардираат твојот град.

„Славев роденден во Партизан. Беше околу пладне, а родителите ми пееја „среќен роденде“ кога наеднаш започна бомбардирањето. Одеднаш се огласија сирените низ целиот град, а се слушаше и звукот на авионите кои надоаѓаа. Но, целата таа ситуација ме направи подобар човек, бидејќи ме научи да ги ценам работите и ништо да не земам здраво за готово. Тогаш се заколнав дека еден ден ќе му покажам на светот дека Србите се добри луѓе“, вели Ѓоковиќ.