Спорт

Ѓоковиќ: Тенисот повеќе нема да ми биде приоритет

Ѓоковиќ: Тенисот повеќе нема да ми биде приоритет

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, откри дека тенисот повеќе нема да биде негов приорите, туку здравјето на неговата сопруга Јелена и бебето кое е на пат. Поранешниот светски тениски рекет број еден истакна и дека планира да го промени својот живот, а отворено говореше и за идните планови.

“Мислам дека најубавата работа во светот е кога можете да го пренесете искуството на деца. Детето е најголемата среќа . За нас сега се се менува . Ќе продолжам да играм тенис , но мојот приоритет повеќе нема да биде да го удирам топчето , туку здравјето на Јелена и бебето кое го очекуваме, изјави Новак.