Спорт

Ѓоковиќ трета година по ред најдобар на Балканот

Ѓоковиќ трета година по ред најдобар на Балканот

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е прогласен за најдобар спортист на Балканот во 2013 година, во традиционалниот 41-ви по ред избор на Бугарската новинска агенција (БТА).

Ѓоковиќ, победи во конкуренција на Хрватката Сандра Перковиќ, која на СП во атлетика во Москва ја освои титулата во фрлање диск и борачот Иво Ангелов од Бугарија, која во категоријата до 60 килограми стана светски шампион.
Светскиот рекет број 2, трета година по ред ја добива наградата на БТА за најдобар спортист на Балканот.

Покрај Ѓоковиќ, Перковиќ и Ангелов меѓу првите пет се најдоа и фудбалерот на Баерн Минхен, Хрватот Марио Манџукиќ и романската тенисерка Симона Халеп, која минатата година освои шест титули на ВТА турнирите.
Српскиот тенисер доби 89 бодови од спортските новинари од Албанија (Албпрес), Босна и Херцеговина (ФЕНА), Бугарија (БТА), Хрватска (ХИНА), Грција (АНА-МПА), Македонија (МИА), Црна Гора (МИНА), Романија (Агерпрес), Србија (Танјуг) и Турција (Анадолу агенција)