Ѓоковиќ во вербален конфликт со навивач

На вчерашниот тренинг на Новак Ѓоковиќ во Рим, каде тренирал со Александар Долгополов, еден присутен навивач го провоцирал српскиот тенисер, и за малку ќе дошло и до посериозен инцидент.

Голем број на фанови на Новак Ѓоковиќ го следеле тренингот во комплексот “Foro Italico”, но еден од нив му пратил на Ѓоковиќ низа на навреди, на кои што Ѓоковиќ изреагирал.

Сето тоа се завршило само со вербална пресметка, откако човекот кој го навредувал Новак бил исфрлен од обезбедувањето.