Ѓоковиќ: За две недели ќе знаеме дали е машко или девојче

Новак Ѓоковиќ по триумфот во Рим даде интервју за италијанскиот „Венити фер“ каде што најмногу зборувал за тоа како се радува на родителството и дека приоритет повеќе не му се тенисот туку здравјето на идната сопруга Јелена и бебето кое ќе го добијат.

„Со Јелена зборувавме за бебе, но не се оптоварувавме со тоа да го направиме. Првиот пат кога се обидовме, се случи. Голема прецизност-не погрешив,“ изјавил низ смеа српскиот најдобар тенисер.

На прашањето дали тој и Јелена со која се во врска девет годни, го знаат полот на бебето, тој изјави:

„Ќе знаеме за две недели, љубопитен сум. Доаѓам од семејство на момчиња така што мајка ми и Јелена сакаат девојче. Но тоа е прво бебе, сакам многу деца,“ изјави Новак и додаде дека да се постане татко е најубава работа на светот.

„За нас сега се менува се. Ќе продолжам да играм тенис, но мојот приоритет не е удирањето топка туку здравјето на Јелена и бебето. Тенисот не е целиот мој живот. Веќе размислувам што ќе правам кога ќе ја завршам кариерата, имам повеќе проекти во план,“ изјави Ѓоковиќ.