Ѓоковиќ жртва на политичка пресметка

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ ни крив ни должен се најде во средина на политичка афера која ја дрма италијанската покраина Ломбардија. Со цел да дојдат на власт, опозиционерите ископале дека некој од актуелната власт без покритие му дал 50.000 евра на Новак Ѓоковиќ.

Интересно е тоа што оваа приказна е веќе објавена, а сега е повторно актуелизирана поради предизборни цели. Самиот автор на текстот по првото објавување ја демантирал приказната.

„Се работи за политичка пресметка меѓу власта и опозицијата. Само што е веста објавена, новинарот испратил демант и извинување. Бидејќи сега повторно се заострува политичката борба во Милано, некој повторно во јавност пуштил погрешни информации. Новак нема земено ни еден динар“, вели за српски Курир, негов близок пријател.

Челниците на Милано испратиле јасен одговор

„Баравме личност која е олицетворение на здравиот живот, почитување и животна средина и меѓу бројните тоа лице е идентификувано во Новак Ѓоковиќ. Тој е број е еден и во спортот и во хуманитарните акции. Предлог е да се вклучат деца од 8 до 12 години од тениските шлови, а 50.000 евра треба да ги покријат трошоците за организација кои не се обезбедени со помош на спонзори“.

Го поврзаа со мафијата

Интересно е тоа што ова не е прв пат погрешно да се обвинува Новак Ѓоковиќ во Италија. Имено, српскиот тенисер бил вмешан и во скандал со обложувачката мафија. Тогаш се пишувало дека во текот на прислушкувањето на разговорите осомничените обложувачи го споменале името на Ѓоковиќ, а тоа било доволно за медиумите во Италија да го осомничат за местење.

И тогаш е докажано дека Ѓоковиќ нема никаква врска со обложувачите.

Ништо од инвестициите, не градиме хотел на Копаоник

Семејството Ѓоковиќ ги демантирало вчерашните информации дека ќе започне со изградба на хотел на Копаоник.

„Сакаме да ве известиме дека информацијата во врска со учеството на Новак Ѓоковиќ за изградба на хотел на Копаоник не е вистината“, соопштуваат од ПР службата на семејството Ѓоковиќ.

Медиумите објавуваа дека хотелот на Новак Ѓоковиќ ќе гради на местото на сегашното кафуле „Доли Бел“, на површина од околу 1.000 квадрати. На врвот на Копаоник, наводно, хотели трабал да гради и неговиот татко Срѓан Ѓоковиќ и тоа на локацијата Крст, близу до стазата Мало езеро.