Спорт

Ѓорческа доживеа елиминација на турнирот во Подгорица

Ѓорческа доживеа елиминација на турнирот во Подгорица
Ѓорческа доживеа елиминација на турнирот во Подгорица

Ѓорческа загуби во второто коло, откако српската тенисерка Доротеја Ерич беше подобра со 2:0 (6:3, 6:1), по што нашата тенисерка ќе ги продолжи настапите на овој турнир, но во двојки.

Ѓорческа заедно со партнерката од Турција, Мелис Сезер во второто коло ќе играат против Маринковиќ (Србија) и Пигоси (Бразил). Тие се носителки во игра на двојки и се очекува без поголеми проблеми да ја совладаат српско-бразилската двојка.

Лина Ѓорческа со рекордна позиција на ВТА листата

Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа продолжува со напредокот на ВТА листата, доближувајќи се до најдобрите 300 во светот.

Ѓорческа минатата недела успеа да слави на ИТФ турнирот во Врњачка Бања, што е главна причина за прогресот од дури 22 позиции. Таа сега е на 326-то место на ВТА листата.

За титулата во Врњачка Бања, таа освои 12 ВТА поени, а тоа беше нејзин втор трофеј оваа година и вкупно четврти во кариерата во поединечна конкуренција.