Спорт

Триумфот на Ѓорческа во Врњачка Бања е главна причина за прогресот од 22 позиции на ВТА листата

Триумфот на Ѓорческа во Врњачка Бања е главна причина за прогресот од 22 позиции на ВТА листата

Ѓорческа минатата недела успеа да слави на ИТФ турнирот во Врњачка Бања, што е главна причина за прогресот од дури 22 позиции. Таа сега е на 326-то место на ВТА листата.

За титулата во Врњачка Бања, таа освои 12 ВТА поени, а тоа беше нејзин втор трофеј оваа година и вкупно четврти во кариерата во поединечна конкуренција.

Од денеска, Ѓорческа ќе учествува на многу посилниот ИТФ турнир во Подгорица каде не е рангирана меѓу носителките. Турнирот се игра на земјена подлога, а е со награден фонд од 25 илјади долари.