Ѓорческа обезбеди пласман во полуфиналето на фјучерсот во Анталија

На Ѓорческа потребни и беа 49 минути за да ја елиминира 1.166-та тенисерка на светот, меѓутоа без да комплетира два цели сета.

Првиот го освои со 6:3, а во вториот, при водство од 3:0 за Македонката, Тишченко го предаде мечот.

Во борба за финалето Ѓорческа ќе се пресмета со кинеската тенисерка Ксу Лиу Сун, која е 438-та на ВТА-листата.

Нашата тенисерка е во игра за титулата и во двојки.

Синоќа со својата партнерка Ива Приморац го минаа и второто коло без да загубат гејм. Со двапати по 6:0 ги совладаа Холанѓанките Дијкман и Хемес, па попладне ќе се пресметаат со Ванлангендонк и Мишиел од Белгија.