Ѓорческа освои двојна круна на фјучрсот во Анталија

Ѓорческа се закити со двојна круна на фјучрсот во Анталија

Најдобрата тенисерка од Македонија, по победата во двојки, успеа да се закити и со титулата во поединечна конкуренција на ИТФ фјучрс-турнирот вреден 10.000 долари.

Ви финалето против 17-годишната Александра Поспелова од Русија (1026.) Ѓорческа го загуби првиот сет на овој турнир, сметајќи ги сите натпревари.

Откако отвори со 6:3, во вториот период Поспелова пружи посилен отпор и го доби со 6:4, меѓутоа во третиот Ѓорческа буквално ја „збриша„ противничката, победувајќи со 6:0.

Ова е петта титула во сингл-конкуренција за 21-годишната македонска тенисерка, трета оваа сезона. Сметајќи ги и пехарите во двојки, има вкупно 31 во кариерата.

Овој успех сигурно ќе и помогне на Ѓорческа да направи нов скок на ВТА-листата, каде што моментно е 356-та во сингл и 266-та во двојки.