Ѓорче, Аеродром и Чаир денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека денеска без струја ќе останат улици во општините Ѓорче Петров, Чаир и Аеродром.

Според соопштението на РЦУК, од 8 до 15 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат улиците „Алекса Демниевски“ и „Ѓуро Салај“, а до 14:30 „Ордан Чопела“, „Цветан Димов“ и „Сараевска“.

Во периодот од 12 до 15 часот без струја ќе бидат улиците „Лисец“ и „Горно Лисиче“, а од 9 до 12 часот улиците „364“, „365“, „369“, „377“, „383“ и дел од „Самоилова“ и „Јоаким Крчовски“.