Ѓорче, Бутел, Сарај утре без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека повеќе улици во главниот град утре, петок, ќе останат без електрично напојување.

Ова се улиците и временските периоди каде ќе нема струја:

• во време од 09:00 до 14:00 часот, дел од ул. 35 и старскиот дом во место викано Горно маало во с. Волково . (општина Ѓорче Петров )
• во време од 10.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од ул. Алекса Дундиќ од број 209 – 213. ( општина Бутел)
• во време од 08.30 до 14.30 часот, корисниците од улица Цветан Димов, Љуба Ивановиќ, Црвени Брегови и Босна и Херцеговина. ( општина Бутел)
• во време од 14:00-15:00 часот , корисниците од с.Кондово (дел од кон гробиштата). (Општина Сарај)
• во време од 10:00-14:00 часот, корисниците од ул.101, ул.93 и ул.95 во с.Волково, (општина Ѓ.Петров)
• во време од 09:00-15:00 часот, корисниците од ул.Мариовска, како и од ул.Борис Трајковски бр.34, место викано Каменик над.Стакларница (општина К.Вода)
• во време од 09:30-13:30 часот, корисниците од с.Горно Оризари (општина Бутел)
• во време од 09:30-12:30 часот, ул.Индира Ганди и ОУ 26 Јули во Шуто Оризари.(општина Ш.Оризари)