Ѓорче денеска без вода

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информира дека поради дефект без вода се останати дел од жителите на општината Ѓорче Петров.

Дефектот се случил на приклучната цевка на улицата Александар Македонски број 42 А, а поради него без водоснабдување во 11:55 часот останале жителите на улиците Александар Македониски, Браз Куле, Гостиварска и Жеденска.

Жителите од овие улици без вода ќе бидат до санирање на дефектот. Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ во моментов работат на негова санација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.