Македонија

Ѓорче Петров денеска без вода

Ѓорче Петров денеска без вода

Поради изведување на водоводен приклучок на улица Ѓорче Петров бб, без водоснабдување ќе останат околу 30-тина куќи и Фабриката Лафома од 10:15 часот па се до изведување на истиот, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.

Без водоснабдување ќе останат и дел од корисниците од улицата 1550 и од улицата Ѓоре Ѓоревски поради дефект на приклучна цевка на улица Ѓоре Ѓоревски бр.50.

Корисниците ќе немаат вода од 11:00 часот па се до санирање на дефектот.