Ѓорчепетровци денеска се потпишуваа Заев да се прогласи за велепредавник

Oколу 9.500 граѓани се потпишаа на иницијативата на Граѓанското движење за одбрана на Македонија, лидерот на опозицијата Зоран Заев да одговара за велепредавство. Денеска, во Ѓорче Петров, голем број граѓани го ставија својот потпис на оваа иницијатива, пишува „Курир“.

-Собрани се 9.450 потписи. Тоа кажува дека свеста и самосвеста на нашите граѓани за одбрана на основните базични принципи на демократијата и тој демократски рефлекс кој сака принципиелно да изреагира, што значи дека сите институции на државата треба да ги превземат своите компетенции и да реагираат на ова веќе скоро тромесечно незаконско, нелегално и нелегитимно делување на опозицијата, истакна драматургот и писател Бранислав Димитров.

bran500Untitled-2

Граѓаните велат дека Заев и нанесува штета на нашата држава и дека нема да дозволат да го спроведе своето мрачно сценарио.

550055555555555

-Го искористувам моето слободно граѓанско право да дадам потпис за да се оддржи мирот во оваа земја и да не наседнуваме брат со брат да се мрази, туку да се зближиме што повеќе, бидејќи нашите дедовци и прадедовци гинеле за оваа земја, а не како сега за пари што се продаваат некои Македонци. Тоа е жално, за пари да се продадеш и да станеш душман на сопствената земја. Жална е сликата да наседнуваме на некои што живеат само за сопствени интереси, истакна граѓанин на Македонија кој денеска го даде својот потпис.

gra500Untitled-3

Списокот со иницијативата за Заев да биде прогласен за велепредавник ќе ја помине цела Македонија.

2500444444444444

3500666666666666

4500111111111

65002222222222