Ѓорческа елиминирана во првото коло во Анталија

Одисејата на Лина Ѓорческа на фјучрсот во Анталија траеше многу кратко, откако загуби во првото коло од австриската тенисерка Марлис Шупер.

Австријката славеше со 2:1 (6:4, 3:6, 6:4), па така на Ѓорческа и останува да се бори за трофејот во двојки, каде настапува со романската тенисерка Диана Бузен.

Нивни противнички ќе биде украинската двојка Марина и Надја Колб.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.