Ѓорчев: Деструктивностите на Заев нема да решат ниту еден локален проблем

Деструктивностите на Зоран Заев нема да решат ниту еден локален или комунален проблем, нема да решат ниту еден државен проблем туку напротив само носат поделби и деструктивност во Македонија, а можат да избркаат и некоја странска инвестиција од земјата. Овие деструктивни прес-конференции на Заев не ги интересираат граѓаните, нив ги интересира секојдневието, истакна Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето во вестите на Сител телевизија.

Во врска со големиот народен собир на ВМРО-ДПМНЕ што ќе се одржи утре во Штип тој истакна дека очекувањата на ВМРО-ДПМНЕ е да испратат пораки до граѓаните, оние пораки кои што наидуваат на поддршка, а тоа е дека граѓаните ги интересира секојдневието, решавањето на проблемите, она на што ВМРО-ДПМНЕ за разлика од СДСМ и Зоран Заев е фокусирана.

-Тоа се прашањата поврзани со нови фабрики, нови работни места, зголемување на стандардот, решавање на комуналите проблеми. Јас и  пратеници од ВМРО-ДПМНЕ изминативе неколку седници посетивме стотици села и граѓаните ги интересираат асфалтирање, улично осветлување, водоводи, канализации, рече Ѓорчев.

Ѓорчев најави дека на утрешниот собир дека ќе има најава на нови проекти.

-Ние за разлика од СДСМ и Заев сме сконцентрирани на овие пораки, тоа се главните пораки  кои што ќе ги упатиме утре, истакна Ѓорчев.