Македонија,Политика

Ѓорчев: Ја поддржуваме мерката за усогласување на платите во МВР

Ѓорчев:  Ја поддржуваме мерката за усогласување на платите во МВР

Со оваа мерка ќе се стави крај на неусогласеноста на основната плата во Министерството за внатрешни работи со основната плата во државната администрација. Меѓу другото, ја поздравуваме соработката помеѓу Владата и Македонскиот полициски синдикат кои заедно решија да го надминат овој предизвик, преку повеќегодишна стратегија за усогласување на основната плата во МВР со основната плата во државната администрација, вели Влатко Ѓорчев, член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ.

„Со оваа мерка сите вработени во МВР ќе добијат дополнителна потврда и унапредување на нивниоит статус кој тие објективно го заслужуваат во македонското општество. Како што беше најавено, оваа мерка треба да обезбеди етапно усогласување на структурата на платите во МВР за да да бидат слични со основната плата во државната администрација и платите на другите полициски служби во земјите во регионот. Сето ова ќе се оствари преку извршување на корекција на платата по ранг, давајќи приоритет на ниските плати и стандардизација на разликата на плати помеѓу ранговите и нивоата“, вели Ѓорчев.

Овие мерки, вели Ѓорчев, се од суштински интерес за вработените во МВР и преку дијалогот со Македонскиот полициски синдикат се надеваме дека ќе успеат да дојдат до повеќе заеднички прифатливи предлози и решенија.