Ѓорчев: Потребни ни се 63 пратеници за да ги заштитиме националните, државните и економските инетерси

Во изминатиот период го направивме хидросистемот Злетовица кој е важен за 6 општини во источна Македонија, хидроситемот Лисиче во велешкиот крај, следна е Оризарска река, значи водоснабдувањето е решено во општините Кочани, Виница, Чешиново, Облешево и Зрновци, истакна Владимир Ѓорчев, кандидатот за пратеник во ИЕ 3 од ВМРО-ДПМНЕ во отвореното студио на митингот во Берово.

Во врска со програмата на ВМРО- ДПМНЕ „ Проверено“, Ѓорчев потенцираше дека станува збор за програма која е ралана, програма која што е конктретна и со конкретни работи, наспроти, како што рече, само едно книжуле на СДСМ во кое има само општи намери, никакви рокови и никакви конкретни проекти.

-Од една страна имаме конкретна програма, а од друга страна список на нераелни ветувања што е карактеристика за СДСМ, рече Ѓорчев.

Добарата економија помага и за демографијата, рече тој, добрата економија има позитивни влијанија на се.

-Со отворање на нови работни места, со економски зони во сите овие општини во источна Македонија ќе успееме ги задржиме младите тука и да ја гледаат иднината тука. Тоа е еден од врвните приоритети и за нас и за цела Република Македонија. Нема држава без народ. Ние мораме да ја развиваме Македонија и општините, но за тоа ни требаат 63 пратенци. Да ги заштитиме националните и државните интереси, но и 63 пратенци да ги заштитиме македонските економски инетерси. Многу сме блиску на чекор до 63 пратеници, тоа е многу важно и за македонската Влада да биде стабилна, додаде Ѓорчев.