Македонија,Политика

Ѓорчев: Пратениците на ВМРО ДПМНЕ ќе ги поддржат нови мерки за стечајците и војниците

Ѓорчев: Пратениците на ВМРО ДПМНЕ ќе ги поддржат нови мерки за стечајците и војниците

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ силно ќе ги поддржат овие предлози и одговорно ќе гласаат за предложените мерки од Владата на Република Македонија, вели пратеникот до ВМРО ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев поздравувајќи ја одлуката на Влада да изготви законски решенија со кои што ќе се реши статусот на стечајците со над 25 години стаж, а кои останале без работа од 2004 до крајот на 2013 година и вработување на професионалните војници во државните институции откако ќе навршат 45 години односно по претстанокот на ангажманот во АРМ.

„Тоа го правиме затоа што сме сигурни дека овие мерки ќе решат горливи и егзистенционални прашања на голем број граѓани, а притоа ќе продолжи нормалната реализација на останатите мерки и реформи кои што сме ги ветиле на граѓаните“, изјави Ѓорчев.

Пратеникот нагласи дека владејачкото мнозинство е разочарано од опозициската СДСМ која, како што вели Ѓорчев, „не собра храброст да ги поздрави овие мерки“.

„И не само овие две мерки,  СДСМ ниту еднаш не поздравила и не поддржала ниту една, буквално ниту една друга мерка од многуте кои што ги спроведе Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а кои биле од интерес на граѓаните. Од над 2000 мерки и проекти кои што сме ги реализирале, СДСМ никогаш не дала поддршка, ниту за покачувањето на пензиите, ниту за покачувањето на платите и социјалната помош, ниту за субвенциите, ниту за изградбата на нови училишта и болници, ниту за било кој друг проект“, изјави Ѓорчев.