Ѓорчев: За плати и пензии не е потребен консензуален туку ефикасен буџет

Кандидатот за пратеник во Третата изборна единица Влатко Ѓорчев на вечерашниот митинг во Кочани истакна дека пред 11 дена на првиот изборен круг од претседателските избори резултатот во Кочани беше очигледен 8.300 гласови за СДСМ а 10.300 за ВМРО-ДПМНЕ и Ѓорге Иванов.

„На Македонија и е потребна и тоа како вашата поддршка. Соочени сме со барања за промана на уставот и редефинирање на уставниот поредок, со барање за консензуален претседател и консензуален буџет, во таа ситуација дали Кочани ќе седи дома или цела источна Македонија ќе излезе да гласа и да ги поддржи ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов и Никола Тодоров“, посочи Ѓорчев пред кочанчани.

Тој нагалси дека на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата им се потребни 63 пратеници за да ги заштитат економксите интереси на Македонија.

„Со 63 пратеници ќе можеме да му помогнеме и на Кочани и на сите месни заедници, за СДСМ не е важно дали ќе освои 35, 37 или 39 пратеници, но за Македонија е многу важно дали ВМРО-ДПМНе и Коалицијата ќе имаат 63 пратеници. Многу е важно за иднината на Макеоднија да нема консензуален туку ефикасен буџет со кој ќе можат да се исплаќаат плати и пензии“, рече Ѓорчев.

Ѓорчев повика на масовна излезност на кочанчани на вторниот изборен круг.

„И за оние кои веќе се вработени во Кочани ќе се зголеми цената на трудот благодарение на влезот на странските инвестиции на потегот меѓу Кочани и Виница, важно е и за невработените кои ќе добијат можност з авработување, но и за тие кои работат, бидејќи ќе им се зголемат платите, нагалси Ѓорчев. Тоа веќе се случува во Џонсон Контролс во Штип, каде останатите компании веќе ги зголемиле платите за 2.000 – 3.000 денари. А истото, нагалси се случува и во Кавадарци, Битола и во многу други општини.