Ѓорѓиев: 1,5 милиони евра финансиска поддршка за рибарството и аквакултура

За програмата  за рибарство и аквакултура од буџетот ќе се издвојат 90 милиони денари или 1,5 милиони евра. Со овие средства ќе се спроведат мерките и активностите предвидени за водните текови, за богатување на рибниот фонд, за економската корист на угостителите и на граѓаните, за поддршката на рибарството издвоени се 21,6 милиони денари или 350 илјади евра, а за аквакултура се издвоени 64 милиони денари или околу еден милион евра.

„За порибување на охридското езеро се издвоени 13 милиони денари што е двојно повеќе од лани, што ќе доведе до поголем обем на улов на пастрмката за 2014 година е предвидена на 16,5 илјади килограми. Тоа ќе придонесе за подобрување на економскиот статус на субјектите кои се занимаваат со оваа дејност“, изјави портпаролот на Владата, Александар Ѓоргиев.

За порибување на Престапското и Дојранското езеро се издвоени 6,5 милиони денари издвоени се средства и за изградба на мандри, пунктови за порибувања на езерата и слично.

За аквакултурата издвоени 64 милиони денари кои ќе бидат наменети за изградба, реконструкција и адаптација на рибниците набавка на опрема за кои што ќе бидат издвоени 19,5 милиони денари, за производство на порибителен материјал, ќе бидат издвоени 30 милиони денари. Субвенициите за производство и продажба на риба изнесуваат 15 милиони денари. Според Ѓоргиев, овие мерки што се преземаат даваат значителни резултати бидејќи за овие осум години преку финансиската поддршка на рибарството и аквакултурата фондот на производство на риба е зголемен за 2,5 пати.