Ѓорѓиев е избран за МВП во францускиот шампионат

Македонскиот одбојкарски репрезентативец, Никола Ѓорѓиев доби огромно признание за своите одлични игри сезонава, откако беше прогласен за најкорисен играч (МВП) за регуларниот дел на францускиот шампионат.

Одбојкарот на Париз Волеј кој ја игра својата прва сезона во овој клуб беше избран за најдобар од страна на тренерите и новинарите.

“МВП на француската лига. Каква чест! Благодарност до целото семејство на Париз Волеј што ми помогна да ја освојам оваа награда. Благословен сум што сум дел од овој клуб и од ваква организација. Ти благодарам Франција”
напиша Ѓорѓиев на својот “Инстаграм” профил.

Струмичанецот дојде до признанието МВП многу убедливо, собра 91 поен, односно зад него доста останаа искусниот Владимир Николов (Лион-30) и Давид Конечи (Турс-14)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.