Ѓорѓиев: Евтините летови од корист за мобилноста на граѓаните и за економијата

Визер во месец јуни ќе воведе директни линии за пет нови дестинации до европските градови од аеродромот Александар Велики во Скопје и тоа до: Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург и Фридихшафен и тоа два пати неделно. Од аеродормот Св. Апостол Павле од Охрид, авиокомпанијата ќе воведе директен лет до Базел исто така два пати неделно. За ова информираше владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев во вестите на Канал 5.

-Тоа е добра вест за граѓаните. Картите ќе бидат пуштени во продажба од месец февруари. Значајно е оние граѓани кои можат да го испланираат своето време, кои имаат желба и потреба да патуваат до една од овие дестинации, што порано да ги резервираат овие карти. Со порано резервирање на овие карти, тие се поевтини и може цената да се симне дури на 20-тина евра, што навистина претставува една поволна цена, рече тој.

Субвенционирање на летови имаше и во изминативе години. Резултатите се многу позитивни. Досега постое 14 нискобуџетни летови кои значително го зголемија бројот на луѓе кои патуваат од или во Македонија.

-За првите три квартали од 2014-та година, во однос на првите три квартали од 2013-та година, бројот на патници кои ги користеле овие евтини авиолетови е зголемен за 55 проценти. Уделот во вкупниот превоз од аеродромот „Александар Македонски“  во 2013-та бил 35 проценти, а во тој периот во 2014-та е околу 45 проценти или во вкупни бројки некаде околу 460.000 луѓе кои патувале со овие евтини авиолетови, рече Ѓорѓиев за Канал 5.

Инаку, целиот овој проекти има две значајни компоненти.

-Првиот е овозможување на поголема мобилност за граѓаните на Македонија. Да можат по евтини цени да патуваат во повеќе дестинации, во функција на развој на својот бизнис, во функција на реализација на своите потреби од областа на образованието, здравството, а се разбира и од областа на туризмот. Она што е вториот сегмент е што преку овие евтини авиолетови доаѓаат и значителен број на странски туристи во Македонија и на тој начин оставаат девизни средства, не само во туризмот туку и во добар дел на стопанските гранки  кои се во тесна корелација со туризмот. Затоа помагаат и во растот на бројот на туристи кои континуирано се случува, истакна владиниот портпарол.

Тој истакна дека владина цел бројот на вработени во туризмот да достигне бројка од 40.000.

Целото гостување на Ѓорѓиев во вестите на Канал 5, погледнете го во продолжение.