Бразил2014,Магазин

Ѓорѓиев ќе навива за Германија на Светското првенство во Бразил

Ѓорѓиев ќе навива за Германија на Светското првенство во Бразил

Во пресрет на Светското фудбалско првенство во Бразил, кое започнува за два дена, владиниот портпарол, Алексадар Ѓорѓиев, доби прашање за кого тој ќе навива на претстојниот мундијал.

Ѓорѓиев во одговорот истакна дека тој ги поддржува балканските репрезентации кои учествуваат на мундијалот и дека му е многу жал што македонската фудбалска репрезентација не успеа да се квалификува на големо натпреварување од светски карактер.

„Јас навивам за Македонија и жал ми е што нашата репрезентација не учествува на Светското првенство, ги поддржувам балканските репрезентации, на Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, но оваа година навивам за Германија“, рече Ѓорѓиев.