Ѓорѓиев: Нема да се дозволи загрозување на животната средина при реализација на сите проекти

Нема да се дозволи загрозување на животната средина при реализација на сите проекти, рече денеска владиниот портпарол, Владимир Ѓорѓиев, во однос на реакциите од еколошките друштва поврзани со изградбата на „Луково поле“ и „Бошков мост“.

„При реализацијата на проектите ќе се води максимална сметка за почитување на еколошките стандарди и за почитување на животната средина за што се изготвуваат поголем број студии во кои се вклучени и релевантни странски меѓународни организации кои ќе имаат удел во реализацијата на проектите и кои даваат уште еден дополнителен гарант дека нема да биде преземено нешто што би значело нарушување на еколошкиот баланс и загрозување на животната средина“, одговори Ѓорѓиев.

Тој додаде дека и „Луково поле“ и „Бошков мост“ се стратешки и оти со нивната реализација ќе има ефекти не само врз енергетиката, туку и врз целокупниот економски развој на државата. 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.