Ѓорѓиев одличен во победата на Париз против Фенербахче

Македонскиот одбојкарски репрезентативец Никола Ѓорѓиев со 18 поени беше еден од најдобрите играчи во својот тим Париз на дуелот против турски Фенербахче.

Натпреварот се играше во рамките на Лигата на шампионите, а Париз славеше со 3:1 во сетови (25:18, 25:23, 23:25, 25:20).

На другиот дуел кој се играше во рамките на истата Е група, Белгород со 3:0 го совлада италијанскиот тим Кучина Лубе Банка.

Табела Е група:

1. Белгород 12
2. Фенербахче 4
3. Париз 4
4. Лубе Банка 4