Македонија

Ѓорѓиев: Владата ја споделува загриженоста на ОБСЕ, но треба да се дискутира со аргументи

Ѓорѓиев: Владата ја споделува загриженоста на ОБСЕ, но треба да се дискутира со аргументи

Владата од осамостојувањето високо ја цени улогата на ОБСЕ и цени дека ОБСЕ има придонес во развојот на Република Македонија, а за прашањата за кои понекогаш можеби има различни погледи, според портпаролот на Владата на Република Македонија Александар Ѓорѓиев, треба да се дискутира на принципиелни основи и повеќе врз основа на аргументи, а помалку на интуиција, затоа што и Владата и ОБСЕ имаат заеднички цели.

– ОБСЕ е партнерска организација на Република Македонија. Ја споделуваме загриженоста и цениме дека треба да се дискутира заеднички на принципиелни основи, врз основа на аргументи повеќе, а помалку на интуиција за прашањата околу кои можеби понекогаш имаме различни погледи. Она што е значајно е тоа дека имаме заеднички цели, а целта на Владата е обезбедување напредок, добробит и развој на Република Македонија. изјави портпаролот одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавата на американскиот амбасадор во ОБСЕ.