Ѓорѓиев за РСМ: 40 компании веќе добија 10,9 милиони евра

Почнаа да се ситнат 100 те милиони евра од четвртата транша од евтината кредитна линија што Владата ја обезбеди од Европската Инвестициска Банка, изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев во емисијата “Индекс” на Радио Слободна Македонија.

Четириесет компании веќе добија 10,9 милиони евра кои ќе овозможат нови вработувања на 185 лица.

Во моментот се исплаќаат нови 10 милиони евра за кои аплицирале 59 компании. Проценките се дека тие ќе отворат нови работни места за над 250 работници.

До крајот на овој или почетокот на идниот месец на уште 20 компании кои веќе поднеле апликации ќе им бидат одобрени околу 7 милиони евра за финансирање на инвестициски проекти и обртни средства. Се очекува во овие компании да се отворат работни позиции за 100-тина лица.

-Досега се обезбедени вкупно 350 милиони евра евтини кредити, при што повлечени се 25 транши во износ од 261 милион евра за поддршка на илјада 259 проекти, вели Ѓорѓиев. При тоа овие компании вработија пет илјади 654 лица.

Емисијата “Индекс” и гостувањето на Ѓорѓиев можете да го погледнете на следниов линк.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.