Балкан

Ѓукановиќ: НАТО е најдобра рамка за безбедноста на регионот

Ѓукановиќ: НАТО е најдобра рамка за безбедноста на регионот

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ изјавил дека НАТО претставува најдобра и најефикасна рамка за понатамошниот напредок за стабилноста и безбедноста, како на Црна Гора, така и на регионот, пренесе радио „Б92“.

„Не треба да заборавиме во каков регион живееме. Војуваа нашите дедовци, потоа нашите татковци, а и нашата генерација е сведок на војна. Не треба да дозволиме тоа да им се случи и на нашите деца“, изјавил Ѓукановиќ.