Балкан

Ѓукановиќ: НАТО има уште работа на Балканот

Ѓукановиќ: НАТО има уште работа на Балканот

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ изјави денеска во Брисел дека НАТО не завршил работа на Балканот и дека евроатланските интеграции се клуч за постигнување на трајна стабилност.

„Работата на Западен Балкан се уште не е завршена,“ изјави Ѓукановиќ учествувајќи на Бриселскиот форум и потсети дека БиХ е нефункнционална, Македонија е во перманентна криза и дека односите меѓу Белград и Приштина се уште не се решени.

„Новите евроатлантски интеграции се решение за трајна стабилност, а Црна Гора тука има клучна улога,“ истакна тој.

Црногорскиот премиер на истиот форум истакна дека Црна Гора е подготвена да се зачлени во НАТО и дека се надева дека ќе добие официјален повик на самитот на НАТО во Велс, кој е планиран за во септември.

Бриселскиот форум е собир на високо ниво, кој еднаш годишно го организира германскиот Маршалов фонд.