Балкан

Ѓул загуби голем број приврзаници од социјалните мрежи

Ѓул загуби голем број приврзаници од социјалните мрежи

Турскиот претседател Абдула Ѓул загуби 80 илјади следбеници на социјалната мрежа „Твитер“, откако го потпиша законот што ја ограничува слободата на интернетот, пренесе „АФП“.

Шефот на државата, кој е силно активен на социјалните мрежи, овчера објави дека ќе стави потпис под контроверзниот текст. Оттогаш беше преземена кампања за повлекување на поддржувачите на претседателот, во рамките на која Ѓул изгуби 80 илјади следбеници од „Твитер“.

Претходно Ѓул изјави дека ќе го одобри законот, бидејќи добил уверување од Владата дека ќе бидат прифатени повеќе амандмани по спорните точки.