Ѓуриќ: Србија и Косово не можат да потпишат меѓудржавни договори

Србија и Косово не можат да потпишат меѓудржавни договори како што пишуваат приштинските медиуми, бидејќи Белград и Приштина не расговараат како две држави, туку како централна власт со покраина, изјави денеска директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ.

„Сакаме иднината на сите граѓани на Косово да не ја изградиме врз конфликт, туку преку нормален однос. Постојат работи околу кои никогаш нема да можеме да се согласиме, но тоа не значи дека не треба еднаш засекогаш да го напуштиме ставот дека она што е добро за Србите е лошо за Албанците и обратно“, изјави Ѓуриќ.

Тој додава дека е многу важно преговорите да продолжат и да се постигне политички договор за нормализација.