Ѓуроски и Крстевски ќе го засилат тимот од “Градски Парк”

Ѓуроски е пред потпис со Работнички

Ѓуроски веќе е во интензивни преговори со раководството на клубот од “Градски парк”, а се очекува за кратко време да биде постигнат и договор помеѓу двете страни.

Тоа би требало да биде “отворен договор”, што ќе му овозможи на Ѓуроски да замине во странство доколку добие некоја поинтересна понуда надвор од границите на нашата држава. Како што стојат работите, тој нема да настапи за Работнички на претстојниот Суперкуп во Охрид.

Репрезентативецот по завршувањето на Евробаскет 2015 тренираше со тимот на Марин Докузовски, каде дефинитивно ќе добие шанса како еден од лидерите на подмладената екипа дополнително да напредува како играч.

Слична и ситуацијата и со центарот Бојан Крстевски, кој се наоѓаше на поширокиот список на репрезентацијата. И тој како и Ѓуроски во изминатите денови тренираше со Работнички, а управата на клубот седна на маса со него и му понуди соработка, што најверојатно ќе биде прифатено од страна на високиот кошаркар.

Со ангажманот на овие двајца кошаркари, заедно со Мираковски и едно до две засилувања од странство, Работнички сепак би составил солиден тим за стартот на сезонава, во која шанса сигурно ќе добијат и помладите кошаркари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.