Ѓуровски: Имаме идеални услови во Австрија

Фудбалската репрезентација на Македонија ги започна подготовките за двата контролни натпревари против селекциите на Камерун и Катар кои се играат во австриски Куфсхтајн на 26. мај и Риети во Италија на 30. мај.

Селекторот на нашиот национален тим, Бошко Ѓуровски првиот тренинг на австриска почва го одработи со најголемиот дел од фудбалерите на кои смета за двете пресметки, а во текот на утрешниот ден се очекува тимот да биде речиси комплетиран со пристигнувањето на Давид Бабунски и Даниел Мојсов.

“Благодарност за домаќините во име на Фудбалската федерација на Македонија за одличниот прием, условите кои ги имаме тука се посебни, за играчите и стручниот тим тоа е многу важно. Имаме млад, перспективен и тим кои има желба да напредува. За тренерите, веројатно најважно е да го увидат најпрвин тоа, а јас сум сигурен дека го препознав иако релативно кратко време сме заедно. Се надевам дека сите ќе останеме здрави, бидејќи немаме толку голем фонд на фудбалери. Фокусот на овие подготовки нема да биде насоцхен кон силни физицхки подготовки, кје работиме пред се на тактика и игра. Играцхите за нас се највазхни, се обидуваме да создадеме атмосфера на фудбалско семејство. Секој може и има прилика да се наметне, но само со прикажаниот квалитет. Се радувам што овие десетина дена ќе бидеме заедно, ќе видиме како ќе се одвиваат подготовките во наредните неколку денови и тогаш ќе имаме појасна слика за сите делови од тимот. Почетокот е позитивен”, изјави Ѓуровски.

Новиот капитен на националниот тим, Томе Пачовски, смета дека овие подготовки можат да бидат многу корисни за наредните предизвици со кои ќе се соочи репрезентацијата на Македонија.

“Ова е сигурно добар начин да се подготвиме пред натпреварите со Камерун и Катар. Имаме доволно време и идеални услови за работа, можеме да го увидиме тоа што селекторот го бара од нас и мислам дека ќе бидеме добри на двете пресметки. Во тимот има неколку млади и нови фудбалери, мислам дека ни требаше таков „ветер во грб“. Атмосферата е позитивна и се надевам дека секој ќе си ја сфати својата задача на највисоко ниво и ќе се бори за прогрес на целиот тим, изјави репрезентативниот голман.