Спорт

Ѓуровски откри со кои фудбалери ќе го нападне Камерун и Катар

Ѓуровски откри со кои фудбалери ќе го нападне Камерун и Катар

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Бошко Ѓуровски го соопшти поширокиот список на играчи на кои смета за двете контролни средби против Камерун и Катар кои ќе бидат одиграни на 26 и 30 мај.

Пријателските натпревари се дел од подготовките за септемврискиот квалификациски циклус за Европското првенство во Франција.

На списокот на селекторот Ѓуровски се следните играчи:

ГОЛМАНИ: Томе Пачовски (Мехелен, Белгија), Кристијан Наумовски (Динамо Букурешт, Романија), Андреја Ефремов (Металург), Марко Јовановски (Шкендија)
ОДБРАНА: Даниел Георгиевски (Стеауа Букурешт, Романија), Александар Тодоровски (Штурм, Австрија), Стефан Ристовски (Латина, Италија), Горан Попов (ВБА, Англија), Егзијан Алиоски (Шафхаузен, Швајцарија), Адријан Цуцули (Шкендија), Даниел Мојсов (Бран, Норвешка), Ванче Шиков (Волин, Украина), Бобан Грнчаров (Таврија, Украина), Кире Ристевски (Славија Софиа, Бугарија ), Дино Најдоски (Работнички), Ѓорѓи Зајков (Работнички)

СРЕДЕН РЕД: Мухамед Демири (Ст. Гален, Швајцарија), Остоја Стјепановиќ (Висла Краков, Полска), Артим Положани (Шкендија), Стефан Спировски (Берое, Бугарија), Никола Глигоров (Хазар Ланкаран, Азербејџан), Ферхан Хасани (Брондби, Данска), Агим Ибраими (Каљари, Италија), Давид Бабунски (Барселона Б, Шпанија), Муарем Муарем (Карабах, Азербејџан), Бесмир Бојку (Македонија ЃП ), Дарко Велковски (Работнички), Александар Трајковски (Мехелен, Белгија )

НАПАД: Иван Тричковски (Беверен, Белгија ), Бесарт Абдурахими (Хапоел Тел Авив, Израел), Јован Костовски (Леувен, Белгија), Адис Јаховиќ (Ворскла, Украина), Баже Илијоски (Работнички), Тауљан Сулејманов (Работнички), Крсте Велковски (Сараево, БиХ), Кире Марковски (Работнички), Дејан Блажевски (Хазар Ланкаран, Азербејџан), Бесарт Ибраими (Енозис, Кипар), Љавдрим Скендери (Ренова) Даниел Аврамовски (Македонија ЃП).