Спорт

Ѓуровски посака победа над селекцијата на Летонија

Ѓуровски посака победа над селекцијата на Летонија

Дека е голем оптимист кога е во прашање иднината на фудбалската репрезентација на Македонија, новиот селектор, Бошко Ѓуровски покажа и на денешната прес конференција која е увертира за утрешниот пријателски натпревар против селекцијата на Летонија.

Наследникот на Чедомир Јаневски уште еднаш потцети дека би било убаво, со победа и во позитивна атмосфера нашиот национален тим да го започне новиот циклус и подготовките за престојниот квалификациски циклус за ЕП 2016 во Франција.

“Нов почеток, нов циклус, нова ера кога е во прашање фудбалската репрезентација на Македонија. Играчите се подготвени да го дадат максимумот, а ќе видам и дали се подготвени на дело да ги применат моите идеи, моите побарувања. Потребна е позитивна енергија, сакам со победа да го започнеме новиот циклус. Нормално дека ни е потребна и подршката од најверните фанови. Македонија нема толку успешни резултати, но секогаш игра добро против поквалитетните репрезентации. Секогаш имаме добар страт во квалификациите, а потоа пад во средината од истите. Ќе има неколку новитети и се надевам дека истите ќе вродат со плод”, изјави Ѓуровски.

Новиот селектот додаде дека со неговите репрезентативци не погледнале некоја снимка од некој претходен натпревар со Летонија.

“Искрено, не погледнавме нити една снимка. Летонија на секој натпревар игра со различна формација, а ќе има и неколку нови репрезентативци. Немаше потреба од некаква снимка. Најважна е нашата стратегија, најважно е да го наметнеме нашиот стил на игра”, изјави Ѓуровски.