Ѓуровски задоволен од играта на помладите фудбалери

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Бошко Ѓуровски го доживеа првиот пораз откако седна во жешкото столче. Венаш откако заврши пријателскиот натпревар против селекцијата на Камерун, Ѓуровски за спортскиот сајт “Екипа” изјави дека е задоволен од играта на неколку помлади фудбалери.

„Камерун заслужено победи, беше подобар ривал на денешниот меч. Јас успеав да го видам што го сакав, јасно е дека овој комбиниран тим, на кого му недостигааа неколку значајни алки, треба уште да работи за да го достигне потребното ниво. Сакам да кажам дека сум задоволен од двајца – тројца помлади фудбалери, кои покажаа дека може на нив сериозно да се смета. Нова улога доби Александар Трајковски, неколку фудбалери дебитираа и ова ќе ми послужи за добивање на појасна слика за нашите можности“, изјави за познатиот спортски сајт во Македонија, “Екипа”.