Глас на Русија: Украина нова историска шанса за НАТО

Генералниот секретар на НАТО алијансата, Андрес Фог Расмусен, ги повикал колегите од алијансата да ги користат натаните во Украина како изговор за зголемување на воените трупи.

Социјалната анархија и политичката деградација на Украина даваат нова историска шанса за НАТО. Постојат дури и сомнежи дека оваа трагична приказна околу распаѓањето на украинската државност била започната за да се исполни формата со нови софржини, чија суштина како и порано се сведува на конфронтација со Русија, пишува „Глас на Русија“.

Раководителот на центарот за евроатлантско истражување на Рускиот институт за стратешки истражувања, Јелена Хотков, вели дека доколку се погледа структурата на буџетот на НАТО, ќе се види дека во студената војна Американците и Европејците на одбрана трошеле по 50 отсто, а во полседно време, уделот на САД е 75 0тсто.

„Земјите членки на алијансата треба да трошат на одбрана најмалку 2 отсто од националниот бруто производ. Но, во последно време кон ова правило не се придржувале сите земји. Од источноевропските нови држави само ПОлска и Естонија. Другите многу помалку. Некои дури помалку од 1 отсто“, рекла Хотков.

Може да се каже дека случувањата во Украина се инспирирани на тој начин да се направи рестартирање на односите на САД со европските сојузници, за да се натера Европа да ги мобилизира внатрешните ресурси и да влезе во одбрана. Мислам дека тоа не е интерес на Европа. Но, во секој случај, Американците ги притискаат Европејците за да ја засилат трансатлантската врска, истакнала таа.

Посебна улога им припаѓа на земјите од Источна Европа. Тие влегоа во НАТО не толку одамна но се чувствуваат како посебни сојузници на САД. Овие земји се обидуваат да го компензираат својот мал економски авторитет на сметка на јакнење на воените врски со Американците и на тој начин ги  јакнат своите позиции на сметка на проширување на НАТО на истокот.

Очигледно е дека САД ја користат ситуацијата за да се пресметаат со Русија преку нивните европски сателити и со нивни пари.

Директорот на Институтот за стратешко планирање и прогнозирање, Александар Гусев, вели дека случувањата во Украина, НАТО ги користи  како одреден елемент за притисок на јавното мислење. Русија одмана предложила да се формира европски систем на колективна безбедност. Но, земите на ЕУ, под диктат на САД, тоа го одбиваат. А, Американците го користат овој блок во свои хегемонистички цели. Тие секако, ги туркаат во Европа своите интереси, а помеѓу другото и во Украина.
Јасно е дека оваа година нема да дојде до зголемување  на воените трупи, а следната година ќе бидат издвоени дополнителни средства за модернизација на вооружувањето. Воениот буџет на САД за 2014 година изнесува 667 милијарди долари. Како што зброуваат сенаторите републиканци, следната година буџетот ќе се зголеми за 50-60 милијарди долари. И тоа не е гаранција, вели Гусев.

Од почетокот на 90- те години, Организацијата на Севроатлантскиот договор успеала да се појави буквално на целиот глобус, пробувајќи се во улога на миротворец, барајќи смисла за постоењето. Украинската криза и дава единствена можност да се врати на тоа од што тргнала пред 65 години, посочува  „Глас на Русија.