Македонија,Политика

Гласачите на 27 април, ќе се обележуваат на левиот палец

Гласачите на 27 април, ќе се обележуваат на левиот палец

Левиот, а не десниот палец ќе им се обележува на гласачите на претстојното гласање на парламентарните и на претседателските избори, што се  закажани за 27 април, пишува „Дневник“.

Државната изборна комисија донела ваква одлука бидејќи кај голем дел од граѓаните трагите од маркерот се’ уште се видливи.

„За да нема никакви забуни и да одбегнеме ситуации во кои на некој граѓанин би можело да му биде попречено правото да гласа бидејќи има траги од мастилото, донесовме одлука обележувањето да се врши на друго место. И ние добивме информации дека кај доста гласачи се` уште постојат траги од маркирањето и тие се видливи. До недела тие можеби нема да исчезнат и би можеле да се случат недоразбирања и проблеми“, изјавил за „Дневник“, Субхи Јакупи, потпретседател на ДИK.

Тој посочил дека фактот што мастилото се’ уште не се брише е во спротивност со информациите што кружеа уште додека траеше гласањето, дека трагата од маркерот се вади лесно со влажни марамчиња, со ракија, со ацетон.