Гласачките ливчиња се бројат во СПУКМ според правилникот

Продолжуваат сценаријата на СДСМ и латениците за делегитимирање на изборот за Претседател на студентите на Универзитететот Св. Кирил и Методиј.

Според правилникот за спроведување избори, од постоењето на СПУКМ и организирањето на нивни лидер, но и според правилникот за спроведување на избори, гласачките кутии, запечатени се носат во просториите каде што е сместена изборната комисија каде што официјално се пребројуваат гласовите од изборниот процес.

Таканаречениот Студентски пленум и членовите на СДСМ по завршување на изборите за Претседател на студентите продолжија со своите сценарија и пред канцелариите на СПУКМ. Околу 15  “студенти“ го блокираа внесувањето на избирачките кутии во просториите на СПУКМ каде што е сместена изборната комисија за овие избори.

Според наши информации од терен, Студентскиот пленум предизвикал поголем инцидент при носењето на гласачки кутии од страна на изборните комиссии кои го спроведуваа гласањето.