Гласачките места навреме отворени

Сите гласачки места во општина Струга се отворени навреме, во 7 часот утрово и процесот на гласање за предвремените Парламентарни избори се одвива непречено, информира претседателот на Општинската изборна комисија Бледар Зиба.

Во општина Струга во единствениот избирачки список регистрирани се 59.017 лица, а правото на глас можат да го остварат во 101 избирачко место.
–        Утрово во 7 часот отворени се сите 101 избирачко место. Засега нема никакви проблеми. Доколку има подгетвени сме да реагираме, изјави Зиба.
Стружани денеска ќе гласаат за една од листите за избор на пратеници во 5. Изборна идиница.
Правото на глас вчера го остварија 78 болни и изнемоштени лица во 41 избирачко место во општината.

Во сите три избирачки места во Општина Вевчани гласањето почна навреме во 7 часот утрово.
Претседателката Општинската изборна комисија Параскева Гогоска – Кукоска инфрмира дека засега гласањето тече добро, но не очекува проблеми ниту во текот на денот.

 Гласањето почна навреме во сите три избирачки места. Засега е во ред, тече добро. Не очекувам проблеми ниту во текот на денот, изјави Гогоска – Кукоска.
Право на глас имаат 2.044 вевчанци, кои денеска гласаат за избор на пратеници на предвремените Парламентарни избори во 5. Изборна идиница.

Сите 167 избирачки места во Куманово се отворени навреме и гласањето се одвива непречено, информираше претседателот на ОИК Ненад Саздевски.

Во Куманово се евидентирани вкупно 90.848 гласачи, од кои 89.427 гласаат во втората Изборна единица, а 1.421 лице гласаат во ИЕ3.

Во Липково право на  глас имаат  вкупно 24.348 лица на 36 избирачки места. Гласачките места се отворени навреме во седум чaсот изутринава, соопшти Љирим Јашари, претседател на ОИК Липково.

И во општина Старо Нагоричане гласањето се одвива непречено на 37 избирачки места, а право на глас имаат  3.462 гласачи.

Во општините од југоистокот на Македонија, точно во седум часот почна гласањето на сите избирачки места, кое се одвива мирно и без проблеми.
Претседателот на Општинската изборна комисија од Гевгелија, Гордана Поп-Кочева соопшти дека на 37 избирачки места правото на глас ќе го остварат 19.363 граѓани.

– Сите избирачки места беа отворени на време и во првиот час од гласањето се се одвива во најдобар ред,без никакви проблеми. Мирно очекуваме да помине денот во кој граѓаните на општина Гевгелија достоинствено ќе го искористат своето право на глас, рече Поп-Кочева.
Во општина Валандово денеска на 24 избирачки места ќе гласаат 10.024 граѓани.Според информациите од претседателот на ОИК, Илија Танчев сите избирачки мета се отворени на време и гласањето тече без проблеми.
Во најдобар ред избирачкиот процес се одвива на 12 избирачки места во општина Богданци каде според претседателот на ОИК, Венера Зелева ќе глааат 6.906 граѓани како и во општина Дојран каде што на 8 избирачки места правото на глас ќе го остварат 2.568 граѓани.

На 50-те избирачки места во општина Ресен гласањето почна навреме во 7 часот утрово.
Претседателот на Општинската изборна комисија Сашо Пецалевски информира дека гласањето тече нормално без никакви проблеми.

– Сите изборачки места навреме се отворени без никакви проблеми. Изборнит процес засега се одвива нормално, изјави Пецалевски.
Во избирачкиот список во Ресен се регистрирани 16.562 гласачи, кои денеска ќе гласаат за една од листите за шратеници за предвремените Парламентарни избори во 5. Изборна единица.
Правото на глас вчера го остварија 69 изнемоштени и болни лица во општината.

Сите 36 избирачки места во Делчево се отворени навреме, а изборниот процес се одвива без проблеми. Ова го потенцираше претстедателот на ОИК во Делчево, Владимир Петровски.

– Сите 36 избирачки места во Општина Делчево се отворени навреме, немаме никакви проблеми, изборниот процес се отвива во најдобар тек, истакна Петровски.
Тој додаде дека вчера своето право на глас го оствариле 107 болни и изнемоштени и 10 затвореници.
Во Делчево на избирачкиот список со право на глас се запишани 15. 049 гласачи.

Во Штип 80- те избирачки места се отворени точно во седум часот, со што граѓаните можат да ја остваруваат својата воља за гласање на Предвремените Парламентарни избори 2016. Претседателката на ОИК Штип, Сенка Андреева, вели дека нема проблеми на гласачките места во Штип, со што избирачкиот процес непречено се одвива.
Во Штип со право на глас се вкупно 38.019 гласачи, а на посебниот избирачки список за гласање во странство се регистрирани 3.606 избирачи.

– Сите членови на избирачките одбори ги сфатија изборите сериозно и затоа немаме проблеми на избирачките места. Имаме набљудувачи од МОСТ и од ОБСЕ, кои не посетуваат и во просториите на Општинската изборна комисија, вели Андреева.
Таа најави дека првиот пресек за излезноста на гласачите на избирачките места Општинската изборна комисија ќе го соопшти во 10 часот.